Зомимак против Горник Забржје во ЕХФ Купот

Македонските ракометни екипи ги добија противниците во еврокуповите (ЕХФ Куп, КПК и Челинџ куп). Во ЕХФ купот Зомимак (Струмица) во првото коло ќе игра против Горник Забржје од Полска, а првиот натпревар се игра на теренот на противникот. Термини за одигрување на дуелите се 6/7 септември и 13/14 септември.

Победникот од овој двомеч во следната рунда ќе игра со Минск од Белорусија.

Битолски Пелистер во Челинџ купот ќе ги почне од третото коло, каде ќе игра со екс европскиот првак Дукла Прага (Чешка) Првиот натпревар се игра во Прага 22/23 ноември. Реваншот е во Битола на 29/30 ноември.

ЖРК Металург во Купот на куповите во 3.коло за противник ја доби унгарската екипа Шиофок. Првиот натпревар се игра на 15/16 ноември во Скопје, а реваншот на 22/23 ноември во Унгарија.

Втората македонска женска екипа ќе има противник од Унгарија. ЖРК Вардар ќе игра во 3.коло од ЕХФ купот против Дунајварош. Првиот натпревар се игра во Унгарија, а реваншот во Скопје.

МАЖИ
ЕХФ КУП, 1. КОЛО
Горник Забже (Пол) – Зомимак (6/7 септември и 13/14 септември)
ЧЕЛИНЏ КУП 3. КОЛО
Дукла Прага (Чеш) – Пелистер (22/23 ноември и 29/30 ноември)
ЖЕНИ
ЕХФ КУП ЖЕНИ, 3. КОЛО
Дунајварош (Унг) – ЖРК Вардар
КПК ЖЕНИ, 3. КОЛО
ЖРК Металург – Шиофок (Унг)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.