Зонското паркирање од среда со зимско работно време

Од 1 октомври, среда, почнува зимското работно време на паркинзите со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“.

Зоните А, Б и Ц ќе работат 7 до 21 часот од понеделник до петок, а во сабота од 7 до 14 часот. Зоната Д ќе работи од 7 до 23 часот од понеделник до сабота.