Зонта ќе ја „обои“ Македонија во портокалова боја

Во следните 16 дена, Зонта Клубот Скопје, со подршка на УСАИД, ќе ја „обои“ Македонија во портокалова боја, како дел од „Обои го светот во портокалова боја“ – кампања на Генералниот секретар на ОН – Обединети против насилствот врз жените. Кампањата започна со прием, на 25-ти ноември, во МКЦ Клуб ресторанот, во Скопје.

Во своето обраќање, Директорот на мисијата на УСАИД, Џим Стејн, побара од присутните да си замислат три жени од било каде во светот: позната личност, некоја жена од семејството, пријателка, или пак некоја жена што стои до нив, вечерта. Тој објасни:

Статистички, една од нив, ќе искуси родово насилство во текот на нејзиниот живот. Но тоа не значи дека ние не можеме да наравиме ништо за да го спречиме. Насилството не е  неизбежно – секој од нас може да направи нешто за да го спречи, а свеста за проблемот е првиот чекор.

И Постојаната координаторка на ОН Лујза Винтон се обрати до присутните.

Секоја година, во текот на 16-те дена помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените, и 10 декември – Меѓународниот ден на човекови права, светот станува портокалов, преку глобалната кампања која има за цел да инспирира акции и да го запре насилството врз жените и девојчињата.

Како дел од глобалната кампања, Зонта Клубот Скопје, поголемиот дел од своите „портокалови“ активности ќе ги спроведе надвор од Скопје, во помалите градови или рурални средини, допирајќи до јавноста преку организирање на активности на места како што се ресторани, спортски клубови, трговски центри пазари, автобуски станици и др. Кампањата ќе биде спроведена преку единствена автобуска тура низ земјата, организрајќи различни активности, како што се маршеви, работилници, дебати и уметнички перформанси, кои се поврзани со борбата против насилството врз жената и зајакнувањето на улогата на жената во општеството.

Кампањата Зонта вели Не, започна во ноември 2012 година. За да дознаете повеќе за камањата, и да се приклучите, посетете ја официјалната страна www.zontasaysno.com.

Постојаните напори на Меѓунароната организација Зонта, поврзани со престанокот на насилството врз жените и девојчињата, на меѓународно ниво се спроведуват преку програмата – Стратеги на Зонта за престанок на насилството врз жените (ZISVAW) и преку партнерството на Зонта со Обединетите Нации и нејзините агенции. Од почетокот на програмата – 1999, повеќе од 3.5 милиони долари се обезбедени во подршка на 43 проекти во 33 држави.

За да дознаете повеќе, посетете ја фејсбук страната facebook.com/zontaclubskopje.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.