ЗОО азбука за деца од 4 до 6 години

Зоолошката градина во Скопје, од 15 мај до 15 јуни, организира настава по „ЗОО – азбука“, за деца од четири до шест годишна возраст. Секој понеделник, среда и петок, од 10 до 11.30 часот ќе се одржуваат предавања во Едукативниот центар со забавно- едукативна тематика, учење на буквите со помош на животните.

Според програмата, на 15 мај се предвидува запознавање на дечињата и обиколка околу Зоолошката градина. На 16 мај, ќе следи запознавање на континентите и на живеалиштата на животните, а на 19 мај ќе се старува со учење на азбуката.

Пријавувањето може да се направи на телефонот 072/209-313.