Зоолошката во Копенхаген „заспа“ четири лава

Зоолошката градина во данската престолнина Копенхаген, евтанизира четири здрави лава, само неколку недели откако ја уби младата жирафа Мариус, и со нејзиниот леш нахрани неколку свои крволочни животни, објави „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Приказната за жирафата Мариус предизвика гневна реакција меѓу љубителите на животни низ целиот свет.

Од копенхашката зоолошка градина соопштуваат дека  бил „заспан“ еден шеснеаесетгодишен машки лав, една лавица на слична возраст, како и две помлади женки.

Тоа било сторено откако во неделата, во рамки на програмата за обновување на животинската база во Зоопаркот, пристигнал машки лав.

„Сега двете женки, родени во 2012 година, се целосно развиени и здрави и ќе можат да ја наследат старата женка и да формираат силен триаголник со мажјакот“, било наведено во соопштението до јавноста од Зоолошката градина.