ВИДЕО: Зоран Верушевски уапсен за детска порнографија?!

Уапсен е поранешниот директор на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски, објави Сител ТВ.

Повикувајќи се на сопствени извори телевизијата објавува дека Верушевски се сомничи за серија тешки кривични дела меѓу кои нелегално поседување оружје и детска порнографија.

– Неофицијално дознаваме дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации, но во интерес на истрагата нашиот извор не сака да ни даде повеќе детали. Дознаваме дека Верушевски веќе е изведен пред Судија на претходна постапка, се вели во информацијата.

Од полицијата засега само неофицијално потврдиле. Повеќе детали најавиле за утре.

– Зоран Верушевски важеше за кадар на кадар на СДСМ а со тогашната ДБК раководеше токму во времето на оваа партија. Го следеа серија афери, а во центарот на вниманието беше и неговиот син Александар кој во повеќе наврати имаше проблеми со законот, објавува ТВ Сител.