Зорица Црношија со нова ТВ емисија и наградна игра поддржана од ЕВН Македонија

Зорица Црношија со нова ТВ емисија и наградна игра поддржана од ЕВН Македонија
Зорица Црношија со нова ТВ емисија и наградна игра поддржана од ЕВН Македонија

После извесно време повторно  си на ТВ екраните со емисијата „На гости кај“, поддржана од  ЕВН Македонија во која се јавуваш во улога на водител. Која е темата на оваа емисија и како е структуирана?

„На гости кај“ е лежерна, лесна за консумација и питка телевизиска содржина, во која одиме на гости кај нам драги лица од јавниот живот. Тие, како и сите ние ги креираат своите домаќинства според сопствените  потреби, станови, студија, апартмани, дворови, куќи и атељеа кои им овозможуваат мир, спокој и некаква надокнада за она што го живеат како професионалци, па низ разговорите со нив сакавме ги инспирираме гледачите и да ги поттикнеме на позитивни практики за менаџирање на домот. „На гости кај“ е и време во кое се наградуваме со одлични награди и убедена сум дека си поминуваме супер-забавно.

За какви награди се работи, кој има право на учество во оваа наградна игра?Zoka 1

„Награди за штедлив дом“ доделуваме во секое издрание преку електронско извлекување  на сите корисници на ЕВН,  избрани по случаен избор, а право на учество имаат потрошувачи од категоријата Домаќинства и Мали бизнис корисници, кои имаат доставено лични податоци, односно, име, презиме, адреса и матичен број до ЕВН Македонија. Сите тие имаат можност да добијат вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари од Нептун Македонија, наменет за купување на апарати за домаќинство или сет за енергетска ефикасност, составен од мерач за електрична енергија, тајмер и метеоролошка станица.  Тоа се вкупно по 24 награди во секое коло.

Во кои термини се емитува емисијата?

Zoka 2„На гости кај“ која се емитува секој понеделник од 20.15 на МТВ и секој вторник од 23.25 на Алсат ТВ, а има и репризни изданија, па има многу прилики гледачите да нé следат и да видат дали можеби се добитници на некоја од наградите што ги доделуваме во секоја емисија.

Колку кола од наградната игра до сега поминаа, каде може корисниците да се информираат дали добиле некоја од наградите?

До сега поминаа 3 кола, а извештаите од сите извлекувања се објавуваат во рок од три дена од денот на извлекување на интернет страницата www.evn.mk. При подигнувањето на наградите 9 цифрена шифра треба да соодветствува со извлечената и корисниците треба да приложат и важечки документи за лична идентификација.  Едноставно е.

За крај која е твојата порака до гледачите, па и до корисниците на ЕВН Македонија, потенцијалните добитници?

ЕВН Македонија е една од најактивните компании кога е наградувањето на своите лојални корисници во прашање. Би им порачала да си ги ажурираат податоците што побрзо за да можат да бидат дел веќе од следното извлекување.  Тоа се прави едноставно со пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен на веб-страната www.evn.mk, во кој било наплатен пункт или приемна канцеларија на ЕВН Македонија, а истиот формулар ќе им пристигне и со следните фактури за електрична енергија. И секако да ја следат емисијата, да ја проверуваат страната  www.evn.mk и да очекуваат награди.