Зошто Бред и Анџелина не биле поканети на свадбата на Клуни?

Бред Пит и Џоли не беа на свадбата кај Клуни и Амал.

На присутните на свадбата не им остана не забележан овој детаљ. Вистинската причина не е соопштена иако веќе угледниот Њујоркс Пост изнесе една варијанта.

До вчера добрите пријатели се искарале затоа што Клуни не бил расположен во својата вила на езерото Комо да го угости многубројното семејство Пит – Џоли, тврди Њујоркс Пост.

Добро информиран извор тврди дека Клуни веќе имал непријатно искуство со децата на Бред и Анџелина.

Децата на Бред и Џоли веќе еднаш му ја демолирале вилата на езеро на Клуни, и од тогаш Пит и Клуни не разговараат. Тоа било една од причините што Бред со Енџи не беа меѓу поканетите на свадбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.