Зошто да трошите пари кога можете сами да си направите пилинг од ориз, шеќер и кафе

При изборот на пилинг треба да внимавате неговата текстура да одговара на одреден тип на кожа. Преголемите честички може да предизвикаат црвенило и да ја иритираат кожата, а премалите не можат правилно да ја исчистат. Масната и комбинирана кожа треба почесто да им првите пилинг, најмалку три пати неделно, додека на сувата кожа и кожата со акни доволно е само еднаш. Тој ќе ги исчисти мртвите клетки од кожата кои може да ги затворат порите и да предизвикаат мозолчиња и дамки, пишува БирчБокс.

Ориз

За чувствителната кожа најдобар избор на пилинг е оној на база на оризови трици кои може да ги заменат ситни зрна ориз или оризово брашно. Тие ја чистат кожата, го ублажуваат хроничното воспаление и изобилуваат со фитинска киселина која поттикнува производство на колаген, а со самото тоа и еластичност на кожата.

fresh olive branch and bath salt

Пилинг од ориз

Состојки: три лажици ориз, вода
Подготовка: Оризот треба да го сомелете. Потоа во тоа додајте неколку капки вода се’ додека не стане во вид на паста и нежно втријте го на кожата. На крајот лицето едноставно измијте го и исушете го со пешкир.

Шеќер

Пилингот на база на шеќер е одличен за сувата кожа бидејќи помага во задржувањето на влажноста. Понежен е од оној со сол и е Homemade-Beauty-Tips-for-Cracked-Lips-_004-300x200природен извор на гликолична киселина која ја затегнува кожата.

Пилинг од шеќер

Состојки: шеќер, маслиново масло, етерично масло
Подготовка: Измешајте три шољички шеќер, 1,5 шољичка маслиново масло и 10 капки етерично масло по желба. Добиениот пилинг со кружни движење втријте го на лицето или телото и лесно масирајте, па потоа измијте се. Мешавината може да ја подготвите во стаклена тегличка и да ја користите по потреба.

 

Кафе

Крупно сомелените зрна кафе помагаат за комбинирана кожа. Кафето помага при циркулација и зацврстување на кожата со што се намалуваат тврдокорните масни наслаги или целулитот.

coffee_lovers_beauty_secret

Пилинг од кафе

Состојки: црно кафе, шеќер, маслиново или кокосово масло
Подготовка: Шољичка зрна кафе прво крупно сомелете ги, па потоа додајте половина шољичка кафен или бел шеќер и шољичка маслиново масло. Мешавината треба да се втрие во кожата, да се остави да делува 15 минути па потоа да се измие.

Каша од зоб

Таа помага за проблематична кожа со акни. Таа нежно ги отстранува нечистотиите од порите и делува смирувачки поради што е одличен избор за воспалена кожа.

Пилинг од каша од зоб

Состојки:зоб, мед, вода, лимонов сок
Подготовка: Во еден сад ставете 1/3 шољичка зоб, една лажица мед, една лажичка маслиново масло и една лажица лимонов сок. Сето тоа добро измешајте го со тоа што се препорачува зобот претходно да го иситните во мелница за кафе. Мешавината втријте ја во кожата, оставете да делува 10 минути и потоа измијте со млака вода.

Морска сол

Таа длабинси ја чисти кожата и е најдобар избор за грубите делови, лактите и колената. По чистењето кожата станува мека и затегната. Пилингот од морска сол доволно е да го направите еднаш неделно, во спротивно кожата би можела да стане црвена. Исто така, не смее да се нанесува околу очите бидејќи може да предизвика воспаление.

fresh olive branch and bath salt

Пилинг од морска сол

Состојки: морска сол, маслиново масло и лимонов сок
Подготовка: Измешајте половина шолјичка морска сол, потоа додајте маслиново масло и лимонов сок. Мешавината втријте ја во телото и измијте се под туш..Маслиновото масло можете да го замените со бадемово или масло од јојоба, а лимоновиот сок со сок од лимета, портокал или грејп фрут.