Анализи

АНАЛИЗА: Зошто Ердоган не се бори со џихадистите

АНАЛИЗА: Зошто Ердоган не се бори со џихадистите

Во непосредна близина на границата со Турција Курдите на сирискиот град Кобани се бранат против џихадисти од „Исламска држава“. Претседателот Реџеп Таип Ердоган гледа во друга насока. За него е поважно да ги смири Курдите и да го сопре Башар ал Асад, отколку да го сопре тероризмот. Тој изгубил допир со реалноста. Се придава на конспиративни теории и фантазии за суперсила.

Во сите делови на светот луѓето вознемирено ги свртеле погледите кон Ирак и Сирија. Но токму Ердоган – водачот на една земја, која се граничи со Ирак и Сирија, има други грижи. За него постојат поголеми закани од „Исламска држава“.

Жестоките борби меѓу Курдите и борците на „Исламска држава“ се забележуваат од турската граница. Но турската армија не прави ништо.

Прва причина: курдските борци имаат блиски врски со ПКК- забранетата Курдистанска работничка партија, која во текот на 30 години се бори за курдска држава и врши напади во Турција.

– Ердоган ја става ПКК заедно со „Исламска држава“ и тоа е голема грешка, вели експертот за Блискиот Исток Моталеб Ел Хусеин. Затоа што во последните неколку години се забележува приближување меѓу ПКК и турската влада. Курдската партија прогласи прекин на огнот, а владата во Анкара преговара со фрлениот во затвор курдски лидер Оџалан. Сега станува јасно колку мала е вредноста на сето тоа. Ердоган не дозволува ниту коридор за оружје и борци кон Кобани.

По раните политички успеси лидерот на Партијата на правдата и развојот самиот го разоткри сопствениот гламур. Како дома, така во странство тој замислува дека е опкружен со непријатели и заговорници. Затоа недовербата кон Курдите не е единственото нешто што запира турскиот претседател да се вклучи во борбата против „Исламска држава“. Втората причина е Башар Асад.

– Ердоган сака да го тргнеме Асад. Без разлика колку чини тоа и без разлика кој ќе го направи, коментира Хусеин. Досега најефективно со сирискиот диктатор се бореле исламистичките групи.

– Затоа Ердоган им овозможи на борците да патуваат преку Турција кон регионот на борбите, иако често да го негира тоа, вели експертот.

Зошто турскиот лидер ја оценува заканата штоја претставуваат Курдите и Асад, како посериозна од онаа на „Исламска држава“, против која сега се крева целиот свет? Според Хусеин, од една страна помеѓу Арапите и Турците има прастар конфликт. Асад е Арапски националист, а Ердоган е нео-Османист. Кон ова се додава и стравот на турскиот лидер од сириското влијание врз неговата земја.