Зошто Фејсбук и Твитер ја имаат сината боја

Дали некогаш сте се запрашале зошто сите социјални друштвени мрежи ја користат сината боја?

Мрежите како Инстаграм, Фејсбук, Твитер, Линкедин на своите сајтови ја користат сината боја бидејќи таа асоцира на мир, опуштање и сигурност.

Како што наведува францускиот магазин „Slate“, сината боја е боја на природни елементи како небо и море и традиционално се користи во фармацевтската индустрија, информатичките компании, полицијата, така што на корисниците оваа боја треба да им влее доверба,сигурност и верност.

tviter-1333198190-141048

Една од причинте зошто Фејсбук има сина боја, како што наведува овој магазин, е поради тоа што основачот на оваа друштвена мрежа, Марк Цукенбег е далтонист, а сината боја е онаа која најдобро ја распознава.

Пребарувачот NCSA Мозаик ја користел сината боја затоа што таа била најтемната по црната и една од 16-те расположливи бои во тоа време.