Зошто и каков чај треба да пиеме?

Нема ништо поубаво шоља топол чај со лимон и мед во студена вечер, со секоја голтка ни се стоплува душата и сме побогати со неопходни витамини.

Чајот е напиток кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка Camellia sinensis. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на чај се: црн чај, улонг, зелен чај и бел чај.

 

Дали знаевте дека редовното пиење чај е одлично за вашето здравје?

Со секојдневно конзумирање на 1 до 2 шољи чај дневно, ќе имате подобра циркулација, здраво срце и ќе ве заштити од инфаркт. Помага за подобра физичка издржливост во текот на денот.

Чајот се препорачува да се пие во текот на целата година, бидејќи во летните денови го штити човечкото тело и кожата од UV зраците, а преку целата година го продолжува животот на секој човек. Тој е одличен извор на антиоксиданси.

Чајот е одличен да се пие бидејќи го намалува стресот и ја зголемува мозочната активност. Доколку имате висок крвен притисок, ќе ви го редуцира. Ги заштитува белите дробови од пасивното пушење. Влијае позитивно на црниот дроб ако конзумирате алкохол и го намалува неговото дејство. Делува превентивно за да не ви се појави кариес на забите и ќе ви го елиминира лошиот здив. Ги заштитува и чува коските, дури и во подоцнежните години. Го зголемува имунитетот и ве прави отпорни на настинки и болести. Овозможува хидратација слична како водата.

 Како да се одлучите кој чај да го пиете?

Чајот е еден од највкусните и најздравите пијалаци на светот. Постојат најразлични видови чаеви ширум светот, но многумина од нас не знаат како да го приготват и користат овој магичен пијалак. Ако имате дилема околу тоа кој чај за која пригода да го одберете, ќе ви наведеме поточно кој чај во каква пригода се применува:

Чај од жалфија. Добар е за плакнење на грлото и усната шуплина. Помага при воспалено грло и настинки.

 – Чај од шипки. Добар е против настинка бидејки содржи многу витамин Ц.

– Чај од липа. Одличен е за добар сон.

 – Чај од хибискус. Ја намалува опасноста од покачен крвен притисок, содржи многу витамин Ц и може да биде афродизијак.

 – Чај од брусница. Има одлични антибактериски својства и се препорачува при проблеми со уринарните патишта.

 – Црн чај. Го намалува крвниот притисок и го чува срцето и крвните садови.

– Зелен чај. Содржи корисни полифеноли кои се силен антиоксиданс, па помагаат во борба против рак или при диети кај луѓе кои имаат поспор метаболизам. Може да го пиете и разладен со лимон, а помага и во губење на килограми, штити од рак, го намалува ризикот од мозочен удар и го чува непцето.

Чај од нане. Го смирува стомакот, ја намалува температурата и ги намалува болките.

 – Чај од мајчина душичка. Се препорачува за смирување и против зарипнатост.

 – Чај од камилица. Се употребува во тек на лекување на очни инфекции, тешкотии со варењето и иритација на кожата, добар е за грлото, кога ќе загнои заб или ќе потече, против воспаление на непцата, против подуеност и мачнини во стомакот.

Се надеваме дека после сите овие причини, ќе се напиете барем една шоља чај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.