Зошто Индијците не одат во тоалет?

Индија, од 1986 година, вложила околу три милијарди долари во програми за подобрување на санитарните услови, но и покрај тоа, таа е последна земја на светот по квалитет во таа област.

Новиот премиер, Нарендра Моди, има намера владата да одвои уште 30 милијарди долари за таа намена, а уништуањето на ѓубрето и подобрување на санитарните услови во куќите, се клучни приоритети на неговата влада во првата година од мандатот.

Во истражувањето кое го објави списанието за медицина „Лансет“, се неведува дека покрај изградбата на тоалети, Индија мора  да се посвети на едукација на масата за промена на нејзините вековни навики.

Експертите од Индија и САД во истражувањето ги следеле  и ефектите од кампањата за подобрување на санитарните услови од 2011 година, во 100 села во источната држава Ориса.

Податоците укажуваат на тоа дека не е намален бројот на паразитски инфекции и дијареа кај децата, како и на други здравствени проблеми кои придонесуваат за застој во развојот на децата, неухранетост и губиток во продуктивоста од 54 милијарди долари годишно, според  податоците на Светската банка.

Лошите хигиенски навики, загадената вода, нехигиенското одложување на фекалиите придонеле кон пробемот,  а истражувачите навеле дека е потребно да се вложат повеќе напори за решавање на проблемот.

Во студијата се неведува дека повеќе од 640 милиони луѓе во Индија и понатаму повеќе би сакале да извршуваат нужда на отворено, отколку во тоалет, дури и кога би го имале во домот, пред се’ бидејќи така се навикнале.

„Многу испитаници навеле дека вршењето нужда на отворено им дава можност да се прошетаат, да поминат до својата нива, да подишат свеж воздух,  а вршењето нужда го сметаат за здравје и доблест, што им дава задоволсто и удобност”, се наведува во студијата, спроведена во пет индиски држави, во неделникот „Economic and Political Weekly”.
Мал број луѓе во Индија разбираат дека навиките за вршење нужда на отворено и повеќе од стотина илјади починати лица од цревни зарази- се поврзани, предупредуваат стручњаците.