Секс

Зошто изневеруваат жените, а зошто мажите?

Зошто изневеруваат жените, а зошто мажите?

За неверството подеднакво се виновни и мажите и жените.Но ако подобро се размисли за причините, многу врски можат да бидат спасени.

Според истражувањето на британскиот портал за пронаоѓање на партнери, „Елит сингл“ најголем дел од мажите не знаат зошто изневеруваат.Истиот одговор го дале и една третина од жените кои учевствувале во истражувањето кое опфатило 667 мажи и жени.

Оние кои пак знаат зошто тоа го прават, најчесто одговориле дека сакаат да пробаат секс со некој друг (28 отсто), дека во врската им е здодевно одговриле 25 отсто и 12 отсто одговориле дека се вљубиле во друго лице. Најмалку жени и мажи се впуштаат во неверство за да се осветат на партнерот кој ги изневерил.

Овие резултати открија дека мажите повеќе изневеруваат поради физичка привлечност, додека жените се впуштаат поради емотивни причини. Жените не би поминале преку емотивното, а мажите преку физичкото неверство.

Но, не само проблемите во врска се причина за неверства. Некои изневеруваат поради биолошки фактори како ниво на хормони или културолошки, поради постојаната изложеност на сексуални содржини на ТВ програма или интернет.