Зошто легендарниот Валтер одби да се види со кинескиот премиер?

Многу ми е жал. Но, навистина неможев да се сретнам со кинескиот премиер. Впрочем, на кинескиот народ нека му останат спомените на Валтер, онакви какви се во нивните сеќавања. Но, веднаш откако пристигна, преку кинеската амбасада во Белград, му упатив телеграма за добредојде, рекол легендарниот актер Бата Живојиновиќ за весникот „Ало“, пренесува Нетпрес.

Влошената здравствена состојба не му дозволила на Бата да ја оствари средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг, кој минатата недела беше во Белград и заедно со српскиот премиер Александар Вучиќ беше домаќин на важен самит, но истовремено и гостин во Србија.

– Горд сум што уште еден од светските лидери ни искажа таква чест, а особено што својата посета ја круниса со конкретни работи, многу значајни за нашиот народ. Тоа е едно големо признание за Србија. Прилика која мораме мудро да ја насочиме. Лула ме чуваше сиве овие години, и сеуште ме чува. Деноноќно бдее надежта над мене. Над моето здравје. Без неа…одамна ќе ме немаше. Со неа цело време е и постојано и’ помага Лепа Илиќ, медицинска сестра. Двете се секојдневно со мене. Секогаш кога ќе затреба тука се доктор Ранко Тодоровиќ, Наташа Вукичевиќ, а последниве месеци и Ѓорѓе Радак и неговите лекари. Се борат, се бориме заедно.

bata

Потребни ни се брзи промени. Нови Ѓоковиќи. Не само во тенисот, туку и во политиката, да водат. Во економијата, да создаваат. Во науката, да товораат нови видици. Ако мене ме прашаат акцент треба да се стави на образованието. На младите луѓе, кои ги познаваат и ги зборуваат светските јазици…светските култури. Кои ги разбираат промените  во кои се движи светот. Последно што ме фасцинираше, на пример, е успехот на Саша Ѓорѓевиќ. Тој со своите извонредни кошаркари докажа дека успехот е возможен. Потреба ни е таква елита. Да води. Да предупредува. Да ја буди совеста на нацијата.

Нашата, мојата генерација, сега кога размислувам за минатото, не ги исполни очекувањата. Правевме грешки. Не сум сигурен колку искрено и правилно ги анализиравме и кои поуки ги извлековме од нив. Стално велиме дека некој друг ни е виновен. А, договорот е: не се прилагодивме на светските промени навремено. Затоа мислам дека најважната цел е да го образоваме нашиот народ, да бидат карактерни луѓе на кои материјалниот интерес не смее да им биде приоритет. Такви луѓе можат да го покренат тркалото, изјавил Живојиновиќ.

bata2

Понатака тој рекол дека за нова година најголема желба му е да се види со неговиот син.

– Постојано го сонувам, и многу сакам да го видам, да го прегрнам. Повторно да ги водиме нашите долги разговори. Едноставно да биде покрај мене. Многу сме поврзани. Во последниве осум години сум го видел само два пати. Претходно го држеа шест месеци во Нови Сад. Мислам неправедно. Зборував за тоа таму каде што надлежните треба да слушнат. Да повторувам? Не! За среќа често се гледам со мојата ќерка Јелена. Вниците обожуваат да доаѓаат во Белград, но не само тука, туку и во моето родно место, раскажал легендарниот Валтер.