Зошто мастурбацијата е добра?

Гинекологот д-р Лорин Штрајхер вели дека време е фактот дека жените мастурбираат да престане да биде табу тема и ги објаснува предностите од мастурбацијата.

Среќа

“Мастурбацијата е пријатно искуство, а сите знаеме дека задоволството прави да се чувствуваме подобро”, вели Штрајхер. При оргазмот се ослободуваат ендорфин и окситоцин, што значително ќе ви го подобрат расположението.

Самодоверба

За да “пукате” од самодоверба, потребно е да го сакате своето тело, а еден од начините да го постигнете тоа е да го истражувате. “Многу е важно жените да го запознаат своето тело и да знаат како да ги задоволат своите потреби”.

Сексуален живот

Мастурбацијата помага да го запознаете своето тело и да откриете во што најмногу уживате. Кога ќе го сфатите тоа, ќе имате повеќе самодоверба во креветот и ќе можете да разговарате со својот партнер за тоа што ви прија, а крајниот резултат на тоа е – повеќе уживање во кревет.

Спиење

Огразмот ја намалува физичката и психичката тензија и го исцрпува телото, што значи дека ви помага побрзо да заспиете. “Генерално, побрзо ќе заспиете после мастурбацијата и поради тоа што ќе бидете поопуштени и позадоволни”.

Го ублажува стресот

“Се што прави да се чувствувате поопуштено и попријатно ви помага во борбата против секојдневниот стрес. Па така, нема причина да не пробате да го ублажите и на овој начин”, вели Штрајхер. Ќе се согласите – ова е моќен начин да се изборите со стресот.

Ако сте во врска…

…мастурбацијата е супер начин да ги “подгреете работите”. Штрајхер нагласува дека што почесто имате секс, тоа повеќе и го сакате. Мастурбацијата ќе ви помогне да се чувствувате попријатно во своето тело и ќе ја зголеми сексуалната желба. А, потоа… навалете на “акција” со партнерот.

Повеќекратен оргазам

Еднаш, два пати или три пати – одлуката е ваша! Жените се способни да доживеат оргазам неколку пати по ред, за разлика од мажите, па зошто да престанете после еден оргазам?

Нема негативни ефекти

“Мастурбацијата нема никакви негативни ефекти”, вели Штрајхер. Има многу причина за мастурбација, а против нема ниту еде. Па, зошто да не се задоволите себе си?