Зошто младите мажи сакаат постари?

Искуство

Тие знаат што сакаат и сакаат тоа да го добијат што е можно побрзо. Ако не им го дадете она што го сакаат или погрешите, нема да им биде тешко да ви кажат што не чини. Има нешто секси во тоа што не морате да ги убедувате да испробаат нешто ново, бидејќи веројатно веќе тоа го пробале. Подготвени се на се и очекуваат вие да ги изненандите со некоја новост. Бидејќи се постари и поискусни, совршено добро знаат да им удоволат.

Забрането овошје

Некои од нив се мажени, некои некогаш биле, а одредени никогаш не биле во брак, но завршиле со помлади. Сознанието дека таа на некому му припаѓала или сеуште припаѓа ги возбудува и им претставува предизвик. Фактот дека е постара и дека има повеќе искуство, ве тера повеќе да се потрудите бидејќи вие сте предатор и сакате да го освоите пленот.

Пари, пари

Таа е финансиски стабилна и независна, има свој стан и автомобил. Кога сте со неа, не пиете евтино вино. Знаеме дека не сте машка „спонзоруша“, но признајте дека ви годи нејзината независност.

Врска за една ноќ

Младите момчиња не се за долги врски. Доаѓаат, пробуваат и продолжуваат понатаму. Секогаш се желни за нешто ново и возбудливо. Независни се и тоа го обожуваат. Не мора да се грижите за иднината и врските. Не морате постојано да и се јавувате ниту пак да се правдате зошто порано не сте и се јавиле. Чисто уживање без никакви обврски.

Репутација

Освојувањето на постара жена ќе ве смести во редот на опасни фраери бидејќи вие умеете да заведете и нешто постаро, а не само мала клинка од маало. Горди сте и полни со самодоверба, а ваквиот вид на освојување заслужува и да се пофалите во друштво. Но, најдобриот дел е што ваша постара секси дама нема да се грижи ако се фалите за секси детали од спалната соба. Веројатно ќе охрабри и награди со едно екстра задоволство од еден час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.