Зошто на мажите им е важен женскиот оргазам- Егото не е единствената причина

Секако дека мажите обожуваат кога жената ќе ја доведат до врвот на нејзиното задоволство, бидејќи тоа на некој начин им претставува единствена потврда за нивната умешност во кревет.

Мажите сакаат да се чувствуваат дека одлично си ја завршиле работата, на работа, на натпревар со пријателите, секаде, а поготово во кревет- ниште не може да им го замени тоа задоволство! Со оглед на тоа дека сексот не гарантира оргазам на жената, кога таа ќе го доживее врвот на задоволството, на мажот му обезбедува објективен доказ со кој се потврдува дека е вешт во креветот.

Но, постојат и уште четири причини зошто тој вложува толку голем труд во вашето задоволство.

Вечни воајери

Женскиот оргазам пропратен со грчење на мускулите, грицкање на усните и зацрвенување на различни делови на телото. Сите тие знаци кои него го возбудуваат и дополнително му го зголемуваат сексуалното задоволство. Со други зборови: вашиот оргазам го храни неговиот оргазам.

par-u-krevetu-1370949257-4056

Женските воздишки

Вашето стенкање е еден вид на едноставен систем за надовнување, кои го насочуваат каде треба да бакнува, мази и допира, а кои подрачја треба да ги избегнува. Ако достигнете заеднички оргазам нема да му пречи ако се слушнат и комшиите.

Оргазмот ве зближува и ве прави среќни

По доживувањето на врвот во мозокот се топи окситоксична супстанца која го подобрува расположението, не прави посреќни и емотивно не поврзува. Тој исто така знае дека сексуалното задоволство се крие во размената на задоволства и нежности, па е среќен само кога вие сте среќни.

seks-1402159733-38044

Супер-жена

Ретки се жените кои можат да постигнат повеќекратни оргазми, но сепак станува збор за способност која е резервирана само за понежниот пол. Поради тоа мажите се љубоморни, но и воодушевени од вашата физичка способност. Вашето тело е тајна која тие сакаат детално да ја откријат и вие треба да им го дозволите тоа.