Зошто Розберг го удри Хамилтон?

После последната трка за големата награда на Белгија, Британецот ги изненади сите со изјавата дека неговиот клубски колега на тимскиот состанок признал дека намерно предизвикал контакт.

Мерцедес пука поради ривалството на двајцата возачи кое во неделата изгледа ги премина границите на колегијалност и натпреварувачки дух.

На трката за големата награда на Белгија, Луис Хамилтон по контактот со Нико Розберг кој со предното крило го удри во задниот пневматик, мораше до 29-тиот круг три пати да оди во бокс.

Британецот успеваше да се избори до 16-то место, но при крајот мораше да се откаже за да го сочува моторот. По трката Хамилтон ги изненади сите со изјавта дека Розберг на тимскиот состанок признал дека намерно го предизвикал контактот.

Tan-500

-На состанокот дојде и рече дека јас сум крив. Мене ми беше јасно дека тоа беше намерно, практично на состанокот рече дека можел да избегне контакт, но ме удрил намерно. Ми рече: „Го направив тоа за да докажам дека сум во право“, изјавил Хамилтон пред новинарите.

По се изгледа дека ситните искри биле присутни кај Германецот и Британецот целата сезона, но очигледно Розбегрг не му прости на Хамилтон за постапките од минатата трка во Унгарија. Тогаш тимот му кажа на Хамилтон да го пропушти Розберг, што тој одби да го направи.

-Не можам да претпоставам тоа сега тимот да направи. Навистина бев возбуден пред овој викенд, бевме позитивни. Останаа уште осум трки, неизвесно е, и не делеа само 11 бода. Во четвртокот имавме состанок на кој Нико покажа колку е лут. А јас во себе си помислив „Поминаа три недели и ти се уште размислуваш за тоа“. Мислев дека му помина, додава Хамилтон.

dvajcaaaa-vozaci-500

Во соопштнието испратено од Розберг по трката не станало збор за никакво признание.

-Бев побрз во тој момент, па тргнав во напад од надворешнта страна. Не видов никаков ризик при претекнувањето или обидот и зошто не би де обидел? Дали требаше да чекам? Тоа е хипотетичко прашање. Кој знае што би се случило после. Имав можност и тоа за мене не беше ризична ситуација, стои во соопштнието на Германецот.

И директорот на Мерцедес порача дека моментално првопласираниот возач во генералниот пласман не признал вина за инцидентот. Сепак, казната е најавена.

-Ако некој мисли дека нема да има последица, не е свесен што се може да направиме. Многу сум вознемирен, бидејќи ги дефиниравме правилата и сега се прекршени. Изневерени сме и тимот и јас. Им должиме да се тркаат, но со таа филозофија е крај, бидејќи Мерцедес изгуби доста вредни поени. Не сакаме да тоа да се заврши со губење на титулата во Абу Даби, вели Тото Волф.

Покај санкциите од Мерцедес, Розберг би можело да биде казнет и од страна на ФИА, посебно ако се утврди дека станува збор за намерен судир на патеката.