Зошто СДСМ крие дека Шекеринска и Шилегов одмораат во Грција?

СДСМ развива масовен туризам и го полни буџетот, не, не, не на Македонија, туку на Грција.

И покрај тоа што со секојдневните прес-конференции најголемата опозициска партија ги убедува граѓаните дека државата финансиски тоне, сепак тие за нејзин спас не прават ама баш ништо. За да биде трагедијата поголема, опозиционерите летово решија да ја покажат својата хумана страна и да ја спасуваат грчката економија.

Портпаролот на партијата, Петре Шилегов, и понатаму продолжува да ја крие информацијата за тоа каде, односно на кое место кај нашиот јужен сосед, летува опозицискиот лидер, Зоран Заев, како и дали има во сопственост куќа во еден од грчките приморски градови.

Низ чаршијата се погласни се муабетите дека е точна информацијата дека Заев има имот во Грција. Но, оваа информација од партијата сеуште не е потврдена и прашање е дали воопшто ќе се потврди.

11154mala

Според неофицијални информации, дознавме дека и самиот Шилегов во текот на минатиот месец бил на одмор во Грција, а исто така и дека ова лето му се приклучила во Грција и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска. Се обидовме да стапиме во контакт со Шилегов, но тој не ни одговори ни на телефонскиот повик, ниту пак на пораката која му ја пративме.

petreebivetre1

Со самите овие информации се покажува дека најтесното раководство на опозицијата летувало кај нашиот јужен сосед. Но, неодговарањето на телефонските повици ги оставаат отворени прашањата за тоа кој ги плаќа одморите и колку тие чинат? Дали позади овие организирани престои на југ, кои се случуваат практично во ист период, се крие нешто повеќе од одмор? Што точно крие СДСМ  и каква стратегија ќе се спроведе по завршувањето на „тајното работно лето“? Дали челниците на СДСМ летувале заедно во новиот имот на Заев? Дали покрај политичари, во куќата на Заев имало и новинари кои престојувале? Дали на песочните грчки плажи „се кова“ нова стратегија за освојување на власта во Македонија? Како ли тоа изгледа во очите на Грците? Дали за време на тие летни вечерни „седенки“ можеби присуствувале и некои „грчки соседи“ со кои можеби разговорите добиваат на друга тежина? Дали Заев на евентуални такви седенки би им го повторил ставот изнесен за Република дека „Грција е навистина лоша“ или би зборувал за „режимот во Македонија“?

Засега имаме само прашања, за кои многу е јасно дека нема да се добие конкретен одговор.