Зошто СДСМ не ги осуди насилните протести, туку нивните мегафони провоцираат инциденти и тензии?

Додека партиските мегафони на СДСМ секојдневно провоцираат инциденти и тензии, најголемата опозициска партија не излезе со никаква осуда за насилните протести кои следеа по пресудат за случајот „Монструм“.

Од раководството на СДСМ веќе четврти ден има апсолутен молк во однос на насилните протести, кои поминуваат без осуда од социјалдемократите. СДСМ не гледа потреба  да се произнесе и да испрати порака за осуда на инцидентите во кои беше каменувана зградата на Судот, беше нападната полицијата брутално и физички и беа изрекувани недолични пароли.

СДСМ како партија не излезе ниту со коментар за националистичката реторика која беше користена во медиумите на албански јазик и навредувачките пораки кои беа испраќани на сметка на македонската држава.

Од друга страна, нејзините мегафони како поранешната новинарка на А1 телевизија, Билјана Секуловска, во текст објавен на НОВА тв со наслов „Гешковска, оди си дома“ жестоко ја напаѓа обвинителката која храбро се соочи со терористите кои егзекутираа деца.

 

На Билјана Секуловска се придодаде со коментар и Мирјана Најчевска која дури и се заканува дека судиите и јавните обвинители кои го прекршиле законот долго седеле во затвор.

-Судските одлуки се коментираат. Судиите и јавните обвинители се повикуваат на одговорност. Судиите и јавните обвинители одговараат за сторени прекршувања на законот. Судиите и јавните обвинители кои го прекршиле законот седат во затвор. Долго, напиша Најчевска.

Ваквиот став на Најчевска, кој претставува закана до обвинителката која храбро се соочи со терористите кои егзекутираа деца им се допаѓа на Ѓунер Исмаил,  поранешен министер за култура и портпарол во една од владите на СДСМ, Магдалена Нестороска- кандидат за пратеник и советник во Општина Карпош од СДСМ, како и Африм Гаши- човекот кој повикуваше на протести за отстранување на споменикот на Цар Душан во Скопје.

И додека поддржувачите на опозицијата провоцираат инциденти и тензии, од СДСМ засега нема никаква осуда за насилните протести предизвикани по пресудата за „Монструм“.