Магазин

Зошто се повеќе млади добиваат мозочен удар?

Зошто се повеќе млади добиваат мозочен удар?

Ангарад Томас имала само 20 години кога се разбудила и не можела да стане од креветот.

Таа тоа утро се чувствувала поистоштено од вообичаено, било очигледно дека нешто не е во ред.

– Некако успеав да станам од креветот иако целата лева страна ми беше многу слаба. Паднав и едвај стигнав до купатилото, но не знаев како да ја употребам тоалетната хартија, само зјапав во неа, изјавила сега 22 годишната Ангарад од Велс.

Таа се вратила во кревет но повторно се разбудила по 20 минути. Станала, се истуширала и се и изгледало нормално. Но, под тушот не знаела како да пушти вода и почнала да плаче. Мајка и ја однела на лекар, каде што и дијагностицирале мозочен удар.

Лекарите предупредуваат дека тоа е опасност која им се заканува на се повеќе млади, особено на девојките.

Причината за појавата на мозочен удар кај младите е поради конзумирање масна храна.

Но има уште некои навиките кои допринесуваат до зголемен ризик од мозочен удар, а тоа е пушењето и претераното консумирање алкохол и шеќери.

Научниците предупредуваат дека жените кои примаат хормонски лекови се изложени на поголем ризик, особено оние кои примаат Yasmin, Femodene или Marvelon. Иако тоа се нови пилули со помали несакани ефекти, истражувањата покажале дека жените кои ги примаат имаат скоро шест пати поголеми шанси од мозочен удар отколку жените кои не ги примаат.