Зошто секоја жена сонува покрај себе да го има Господин Ѕверка

Жените, кои се романтични души, сонуваат за совршена љубов, како што Кери од „Сексот и градот“  доживеа со господин Ѕверка. Љубовната приказна меѓу новинарката од Менхетен и њујоршкиот бизнисмен го зарази целиот женски свет кој со години по завршување на серијата продолжи да сонува за комплицирана љубовна приказна која заврши со среќен крај. Жените се сонувачи, сакаат да веруваат во приказни за принц на бел коњ. Но тоj принц се некако е спакуван во лошо момче, добрите момчиња како да не се многу посакувани. Зошто Ѕверка е желба на секоја млада дама која сака да се скраси? И колку тој Ѕверка е навистина идеален маж?

Сопнување од ист камен

Господин Ѕверка ја има таа способност да повреди многу повеќе отколку било кој друг а да не забележи, бидејќи на прво место се тој самиот, неговата работа, позиција во општеството.

Ги нарекуваме „љубов на својот живот“, но  не затоа што навистина се дел од сложувалката која недостасува, туку константното спојување и разделување, ја идеализира врската.

Жените навистина мислат дека најголемите љубовбни приказни се полни со турбуленција, подеми и падови и така треба да биде.

Но, како и секогаш нашиот господин Ѕверка ќе се врати повторно и ќе уништи се со својот егоизам, бидејќи само ние чувствуваме магија и само ние сме подготвени да ги ставиме нашите желби, пријатели и работа во втор план како заради себе така и за неговите желби. Кога ќе размислите со студена глава ова и не звучи баш сјајно. Вистинската љубов секогаш победува, а оваа секако тоа не е.

Опседнатост со лоши момчиња

И така врвејќи низ животот ги губиме добрите момчиња. Студијата која ја направи еден универзитет во Колумбија дојде до заклучок дека жените не ги привлекуваат насмеани, среќни и симпатични мажи. Во ова истражување кое прикажало фотографии од мажи со различни изрази на лицето, жените бирале горделиви, суетни и лоши мажи.Зарем не е подобра љубовта која не прифаќа такви какви што сме и за која не мораме да го уништуваме нашиот живот и нашата личност.

Најголема слабост

Господинот Ѕверка ја претставува нашата желба за љубов, најслаб аспект на нашата личност која го идеализира човекот кој не е на ниво на нашите желби. Таа мисла дека има среќа што е со толку моќен, интелигентен и јак човек длабоко се врежува во нејзиниот најлош став за него.

Треба да работиме на самопочитта така што ќе го одбиваме да ја обновниме љубовта со човекот кој веќе еднаш не повредил, или да бидеме со човек кој е сличен на претходниот. Дури иако боли.