Зошто Шиповиќ се разочара од СДСМ и ЛДП?

Поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ е крајно разочаран од односот  и постапките на дел од раководството на опозициската СДСМ и ЛДП на Андреј Жерновски. За ваквиот став на Шиповиќ пред се придонел парадерскиот однос на опозициските партии кон неговото прашање и отсуството на суштинска волја да му се помогне додека тој беше во притвор. Неговите сомнежи се потврдиле и по излегувањето од затворот во Идризово, кога заинтересираноста била само со цел да се добие некаков политички бенефит во полза на СДСМ и ЛДП, без притоа практично да му се помогне нему лично, дознава Нетпрес од партиски извори.

Меѓутоа дека целата приказна има подолги корени говори и податокот за извесната смена на Шиповиќ од претседателското место на Советот на Центар и тоа поради иницијатива која потекнала од раководството на СДСМ, а причините биле тоа што Шиповиќ не застанал на страната на Зоран Заев, по повлекувањето од лидерското место на Бранко Црвенковски.

Но, таквата негова смена и желбата на Заев да расчисти со неистомислениците била стопирана поради апсењето на Шиповиќ, во што Заев видел можност за политичка корист преку наметнување на темата недемократија.

Од друга страна разочарувањето и незадоволството на Шиповиќ се гледа и во неговата последна изјава на „Фејсбук“, која меѓу другото е поддржана и од добар дел членови на СДСМ од Центар, меѓу кои можат да се забележат и дел од паркобраните, луѓе активни од општинсксата оргнанизација на СДСМ од Центар, што е потврда повеќе за постоењето на отворено несогласување и судир.

sipovik

Откако градоначалникот Жерновски беше непријатно изненаден од враќањето на дневен ред на барањето за измени на три детални урбанистички планови предложени од ВМРО-ДПМНЕ, тој сфати дека овој пат опозицијата на Советот на Општината има поголема поддршка.

Неофицијално, разочараниот Шиповиќ и уште двајца советници ќе гласаат „за“ овие ДУП-ови, еден од редовите на СДСМ, а вториот од партија коалициска со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Жерновски вчера дури и јавно ги сподели сомнежите околу оваа ситуација.

За барањата за измени на ДУП-овите ќе се гласа на утрешната седница на Советот на Општината, а доколку истите бидат изгласани ГТЦ ќе се облече во барок, а четирикатниот хотел на Водно ќе стане десеткатница.