Македонија,Политика

Зошто Стево Пендаровски молеше во Косово?

Зошто Стево Пендаровски молеше во Косово?

На два дена пред завршување на претседателската кампања, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски наместо меѓу граѓаните отиде на Косово. Таму одржа предавање на Универзитетот ААБ, а се сретна и со косовскиот премиер Хашим Тачи.

Ова однесување „Пендаровски на баци рака во Косово“ е крајно недостојно. Се поставува прашањето дали отиде да моли на Kосово, за тамошните власти да го убедат Али Ахмети да му помогне во освојувањето гласови на претседателските избори. Познато е дека Ахмети е близок со Хашим Тачи, кој пак му беше личен гостин за прославата на Денот на албанската азбука.

Со посетата на Пендаровски на Косово тој покажа дека со своето однесување по ништо не се разликува од Зоран Заев, ја свитка кичмата. Заев го молеше Мендух, а Стево го моли Хашим. Очајот на СДСМ нема крај.

Новинарката и аналитичар Мирка Велиновска, потегот на Пендаровски го кометира како губитничка игра на СДСМ која одработува странска агенда и не и се важни македонските гласачи. Со посетата на Косово, според Велиновска, Пендаровски сака да ги придобие албанските гласови бидејки Македонците веќе се имаат изјаснето за нивната политика.

„Албанците гласаат по директива на албанските водства кои пак се под директива на странците. Ова е губитничка политика. Ако евентиално ги придобие Албанците, тоа би значело поништување на повикот на ДУИ за непризнавање  на претседателските избори. Тоа што Пендаровски на конто ќе го добие од албанските гласачи,  ќе го изгуби од македонските. Тоа што СДСМго прави на вториот круг претседателски избори и парламентарни избори е со намера само да ја намали разликата во гласови што ќе ги спаси од внатрепартиски линч. СДСМ не им се обраќа на македонските избирачи, тие  одработуваат странска агенда за да ги прифатат нив  како алтернативна политика која ќе им ги исполнува плановите“, коментира Велиновска.