Магазин

Зошто треба да пиете чај?

Зошто треба да пиете чај?

Чајот е пијалок кој може да ве смири кога ви е потребно да се опуштите или да ве разбуди кога треба да се концентрирате. Чајот е неверојатно добар за целокупното здравје и тоа е прва и основна причина да се пие секојдневно, посебно во текот на зимата.

1. Зелениот чај го одржава здравјето на коските

Студиите откриле дека зелениот чај може да го намали ризикот од остеопороза и кршење на коските кај старите лица.

2. Незасладениот црн чај го неутрализира непријатниот мирис

Ако имате проблем со непријатен здив, треба да почнете да пиете црн чај. Истражувачите од Универзитетот во Чикаго дека чајот содржи хемиско соединение полифенол кое го забавува формирањето бактерија која предизвикува мирис.

3. Чајот е една од основните намирници во Кина

Покрај дрвата за оган, оризот, маслото, соја сос, сол и оцет, чајот во Кина се смета за една од работите кои им се неопходни на луѓето секој ден.

4. Чајот може да ја ублажи сезонската алергија

Ако имате проблем со сезонски алергии, почнете секојдневно да пиете чај од коприва. Иако е потребно да се извршат уште истражувања на оваа тема, една прелиминарана студија следела 69 луѓе и открила дека сувиот лист од коприва може малку да ги олесни симптомите на алергија.

5. Некои научници сметаат дека понекогаш е подобро да пиете чај отколку вода

Истражувачите од Европскиот весникза клиничка исхрана откриле дека чајот подеднакво може да хидрира како и водата и да го надокнади недостатокот на течности во телото. А бидејќи чајот содржи и антиоксиданти, за нијанса е подобар од водата.

– Водата е совршена за хидратација. Чајот хидрира и содржи антиоксиданти, па добивате две работи во едно, вели нутриционистот доктор Кери Ракстон.