Зошто во април задолжително треба да носите црвен кармин

На Твитер се појави хумана и моќна глобална кампања која ве повикува во текот на овој месец да носите исклучиво црвен кармин за да се подигне свеста за сексуалните напади, но и за да им се пружи поддршка на жртвите и да се поттикнат гласно да проговорат за нападите и за трауматичните искуства…

Април е месецот во кој на различни начини низ светот се крева и се обележува свеста за сексуалните напади.

Неодамна на Инстаграм жените и мажите почнаа да објавуваат фотографии на кои носат црвен кармин заедно со хаштаг #redmylips.

Црвениот кармин не е случајно избран, туку тој е метафора за крв, црвените дамки и лузните врз телата на жртвите на сексуални напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.