Зошто во Јута нема бездомници?

Иако во САД бездомниците стануваат се повеќе, во Јута во последните пет години нивниот број е намален за 69 отсто и дури се очекува до крајот на годината да нема ниту еден граѓанин без засолниште, пишува „Хафингтон пост“.

Успехот на државата се должи на примената на посебна програма наречена „Housing Works“, во рамките на која на бездомниците им се даваат практични и постојани станови, но под еден задолжителен услов, тие треба да се добри домаќини и да се грижат за својот стан.

Американското Влада објаснува дека целта е постигната без вонредни инвестиции, бидејќи 30 отсто од помошта што тие ја добиваат, се враќаат назад во форма на изнајмување за станот.

Програмата сепак постигнува успех, бидејќи за разлика од слични мерки во други држави обезбедување на живеалиште за бездомниците е постојано, а не само за одреден период. Значи дека кога бездомниците ќе се изведат од привремените објекти за сместување и добијат свои станови, многу од нив успеваат да застанат на нозете, да најдат работа и да станат вистински независни граѓани. Властите сметаат дека околу 30 отсто од станарите на „Housing Works“ имаат постојана или привремена работа.

Последните официјални податоци за бездомниците во Јута од 2011 година покажуваат дека едвај 0,52 отсто од населението на државата е без дом, односно тоа се 14.351 од вкупно 2.763.885 државјани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.