Зошто жените глумат оргазам?

Иако со години темата за глумење на оргазам е актуелна низ целиот свет, мал број на истражувања се занимаваат со причините кои се кријат зад овој „феномен“.

Сега за прв пат точно 500 жени одговорија на прашањето „Зошто глумите оргазам?“

Одговорите најчесто се сведувале на овие 4 причини:

Заради егото на партнерот

Некои жени глумат оргазам за да направат нивните партнери да се чувствуваат подобро. Тие сакаат нивните мажи да бидат полни со самодоверба и лошо ќе се чувствуваат ако ги наведат да мислат дека не знаат да ги задоволат.

Страв и анксиозност

Втора причина зошто дамите глумат оргазам е од страв. Тие се плашат дека нивниот партнер ќе помисли дека нешто не е во ред со нив ако не доживеат оргазам. На тој начин ги кријат своите несигурности.

Тоа ги возбудува

Огромен број на жени изјавиле дека глумат затоа што тоа ги возбудува. Тие велат дека повеќе уживаат во сексот кога глумат дека го достигнуваат самиот врв, што посебно им го подобрува самиот чин на задоволство.

Едвај го чекаат крајот

Досадата е уште една причина. На жените знае да им стане досадно, па сакаат што побрзо да завршат. Затоа често знаат да изглумат, за што побрзо да се завртат и да заспијат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.