Зошто жртвите на џихадистите се мирни додека ги погубуваат?

Поранешен припадник на Исламската држава со кој во Труција разговарале новинари од „Скај њуз“, тврди дека бил присутен кога озогласениот џихадист Џон го убил јапонскиот заробеник, новинарот Кенџи Гота. Тој е единствен сведок кој досега признал дека во живо видел како бруталниот крвник убива.

Поранешниот преведувач, кој го нарекле Салех, изјавил дека зад маската на џихадистот Џон се крие Мохамед Емвази, 26-годишник од Лондон, кој во Исламската држава е задолжен исклучиво за убивање на заробеници кои доаѓаат од Западот.

– Видов како го убива Кенџи Гота оддалеку. Откако го уби, му пријдоа тројца луѓе кои телото го пренесоа во автомобил. Потоа Џон си појде по свој пат. Тој е шеф, тој не прима наредби туку им кажува на другите што да прават. Постојано повторуваш е „побрзо, побрзо, да завршиме со тоа“ – раскажал Салех.

Тој наведува дека џихадистот Џон ужива углед меѓу групата бидејќи сака да убива луѓе од Западот.

– Можеби затоа што ги убива со нож. Тој е убиец кој сите го почитуваат. Сириските заробенци може да ги убива било кој , но странците само Џон – вели Салех тврди дека заробениците, пред вистински да бидат убиени, ги застрашуваат со лажни егзекуции. Поради тоа заробениците биле мирни на снимките кога ги погубуваат.

– Ќе им кажат дека нема да има проблеми, да не се грижат, дека нема да ги убијат, дека само сакаат нивните влади да престанат да ја напаѓаат Исламската држава – изјавил Салех кој бил задолжен заробениците да ги уверува дека се ќе биде добро.

Тој на крај побегнал од Исламската државата во Сирија.

 

Извор: Вести онлајн

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.