Зошто 850 лица што интервенирале при нападот на Кулите Близначки умреле од рак?

Руските извори тврдат дека Кулите близначки во Њујорк не се срушени во терористички напади, туку дека станува збор за нешто друго.

Нешто помалку од две недели по 13-тата годишнина од терористичките напади од 11-ти септември, тројца пожарникари од Њујорк што интервенирале за време на нападот починале од рак, сите во ист ден, изјави противпожарната служба на Њујорк.

Поручникот Хауард Бишоф (58) и пожарникарите Роберт Ливер (56) и Даниел Хеглунд (58) починале во рок од само неколку часа во понеделникот. Бишоф имал рак на цревата, Ливер леукемија, а Хегуланд рак на грлото. Многумина веруваат дека нивните болести се поврзани со нивната служба за време на нападите на Светскиот трговски центар од 11-ти септември 2001-ва година.

Претставниците на њујоршката противпожарна служба велат дека 850 пожарникари и службеници во амбулантата, што се наоѓале на местото на настанот заболеле од некој облик на рак од тој ден.

Противпожарната служба во Њујорк загубила 343 пожарникари на 11-ти септември и уште 92 од тогаш, меѓу кои и последните трил лица.

-Дента кога пристигнаа првите единици, воздухот беше отровен и остана отровен многу месеци подоцна, изјавил Џејк Лемонда, претседател на Единствената асоцијација на пожарникари.

Првите единици се појавиле брзо по нападите, а 99 отсто од пожарникарите што биле изложени пријавиле некаква респираторна болест.

-Кога пристигнавме, ни рекоа дека воздухот е безбеден и дека не треба да се грижиме, вели Лемонда.

Руските извори се сомневаат дека овие драстични податоци се поврзани со сомнежот дека кулите во Њујорк не биле срушени од терористите како што официјално се тврди, туку дека биле минирани со мини нуклеарно полнење.

Неодамна американскиот пилот и агент на ЦИА, Џон Лир изјави дека терористите неможеле да остварат брзина од 870 километри на само 300 метри поради густината на воздухот.

Дупката во земјата под срушените кули во Њујорк неможе да се создаде на никаков друг начин освен со темпирано нуклеарно полнење.

Оваа теорија е поддржана и од фактот што речиси 1.000 полицајци и пожарникари што ги чистеле рушевините починале од рак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.