Зошто Апелација одлучи незаконските снимки да важат, а молчи за законските снимки за „Поткуп“ во кој е обвинет Заев

Скопскиот Апелационен суд со укинувањето на решението на Основниот суд одлучи спротивно на закон и го прекрши членот 12 став2 од Законот за кривична постапка, дозволувајќи како никаде во светот, нелегално прислушувани материјали да можат да се користат во постапка. Наспроти ова, истиот суд молчи и не реагира за законската снимка за случајот „Поткуп“ обезбедени со ПИМ мерки, која одбраната на премиерот Зоран Заев бара да биде изземена од доказите.

На последното рочиште за случајот „Поткуп“, адвокатот на Заев, Филип Медарски побара издвојување на доказите прибавени со Посебните истражни мерки (ПИМ) за случајот „Поткуп“. Одбраната бара од доказите да биде изземено видеото на кое се гледа како Зоран Заев од позиција на градоначаник на општина Струмица бара поткуп од бизнисмен во висина од 163.000 евра, пишува поталот Курир.мк.

Од една страна, додека судот молчи за барањето на одбраната на Заев да оваа законско снимка биде изземена од доказите, Апелација носи скандалозна одлука која според правните експерти претставува преседан и со која се урива правниот систем, а граѓаните влегуваат во нова неизвесност – и сето тоа заради политичкиот интерес и притисок на СДСМ и нивните партнери, на кој потклекнаа судиите од Апелација.

Со ваквата одлука, произлегува дека ниеден граѓанин не е сигурен дека нема да биде шпиониран, следен, прислушуван од агентите на Заев и Верушевски. Истовремено, ваквата одлука претставува стимулација и поттикнување одредени лица незаконски да снимаат и уценуваат.

Прислушуваните разговори како законска категорија, спаѓаат во делот на посебни истражни мерки, за чија примена одлучува судија во претходна постапка по претходно барање на Јавен обвинител и со исполнети претходни претпоставки. Тие можат да бидат дел од кривична постапка само доколку се прибавени на горенаведениот начин. Сѐ што е прибавено надвор од оваа со закон утврдена постпка се смета за противправен акт, а за секој противправен акт следува одговорност согласно законот.

Членот од законот е јасен и концизен и истиот не дозволува незаконски прибавени докази, односно докази кои не се прибавени во официјална кривична постапка – да бидат дел од постапка.

zakonitost-640x148-1

„Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“, стои во чл.12 ст.2 од Законот за Кривична постапка на Република Македонија.

На законската снимка обезбедена со ПИМ мерки јасно се гледа како Заев на бизнисменот му вели дека треба да плати според воспоставената практика која ја има и кај другите бизнисмени, по принципот „едно евро за Вицето и едно евро за црквата“.

Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица, барал поткуп од 163 илјади евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.