Зошто бегалците ја одбираат токму Германија?

Дваесет и двегодишниот Авганистанец Нематула Јасор минатата недела доби прилика за стажирање во германската компанија во Фридрихшафен на границата со Австрија. Токму тој град е место во кое бегалците прво стигнуваат.

Талибанците му се заканиле со смрт доколку не им се придружи во борбените редови, па тој ги прекинал студиите по информатика и заминал на пат кон Европа. Многу брзо го научил геманскиот јазик и покажал дека е вреден работник. По стажирањето, најверојатно ќе добие постојана работа.

Повеќе од било која друга европска држава која се соочува со наплив на мигранти и бегалци, Германија – најголемата светска економија, која има повеќе од половина милион непополнети работни места – бранот бегалци ја гледа не само како предизвик, туку и како можност.

Германија ќе има корист од луѓето како Јасор, вели Роналд Биебл, претпоставениот на Јасор.

Иако Германците засега многу малку ги контролираат границите, намерата на германската Влада е да ги асимилира новодојденците. Наместо да живеат на товар на државата, Германија ќе им помогне да допринесат за економијата.

Според некои проценки, најголемата европска економија има доволно работа за сите мигранти, со оглед на тоа дека им се заканува недостаток на работна сила, додека висто време се зголемува бројот на пензионери.

Голем дел од бегалците како Јасор се образовани луѓе кои со себе носат одредени вештини кои се потребни.

Минатата недела големи работодавци како Дојче пота и производителот на автомобили Даимлер побараа германските закони за работење да се променат за да можат барателите на азил побргу да дојдат до работа. Канцеларката Ангела Меркел најави дека Германија ќе го забрза процесот на барање азил што ќе и олесни на азилантите да останат во државата и да почнат со работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.