Магазин

Зошто е корисен чајот од ѓумбир?

Зошто е корисен чајот од ѓумбир?
Зошто е корисен чајот од ѓумбир?

Подгответе си вкусен топол пијалак од ѓумбир кој ќе ви го затопли телото и ќе ви помогне да ги надминете сите настинки кои следуваат во постудениот период.

Неговата подготовка е едноставна, а постојат најмалку 7 причини зошто чајот од ѓумбир треба да стане дел од вашето секојдневие.

Потребни состојки:

Парче свеж ѓумбир
1 литар вода
3-4 лажици мед
1 лимон

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот и исечкајте го на тенки парчиња. Ставете ги парчињата во тенџере и прелијте ги со топла вода.

Ставете ја водата да се вари околу 15-20 минути.

Тргнете го од оган и оставете ги парчињата да отстојат уште 5 минути. Прецедете ја течноста, засладете ја и додајте го лимонот.

Причини зошто уште денес да сварите чај од ѓумбир:

1. Го зајакнува телото и имунитетот.

2. Го забрзува оздравувањето ако сте настинати.

3. Ги смирува мачнините во желудникот.

4. Позитивно влијае на нервниот систем.

5. Ја поттикнува работата на цревата и го намалува чувството на надуеност.

6. Ја поттикнува циркулацијата.

7. Го топли организмот подобро од било кое ќебе.