Зошто е препорачливо да се јаде едно јаболко на ден ?

Богато е со влакна (целулоза, пектин, лигнин…), го намалува нивото на холестерол и спречува настанување на срцеви заболувања.

Овој плод изобилува со витамини (витамин Ц кој го засилува имунитетот и го забавува стареењето, како и витамините А, Е, К, Б), минерали (калиум, магнезиум, фосфор, железо), киселини (млечна, лимонска и јаболкова) кои помагаат во процесот на варењето.

Благодарејќи на јаглехидратите кои ги содржи (фруктоза, сахароза, гликоза) го снабдува организмот со енергија, спречува замор и го разбиструва умот. Ако пред спиење изедете едно јаболко, ќе имате мирен и пријатен сон.

Секој ден изедете јаболко за да спречите бројни здравствени тегоби. Конзумацијата на јаболкото поттикнува и лачење на серотонин, „хормонот на среќата“.

Лековитите својства на ова овошје биле познати уште во средниот век. За лечење, освен плодовите се користеле и цветовите и листовите и тоа против болести на очите, болки во коските, пупките против главоболки, грчеви и запек.

Бидејќи нема голема енергетска вредност, бидејќи во најголем дел е составено од вода во која се растворени витамините и хранливите и лековити супстанци, јаболкото поминува низ желудникот за 20 минути.

Меѓутоа доколку го јадете после оброк, поради храната која се вари во желудникот и до неколку часа, доаѓа до ферментација и јаболкото ги губи повеќето хранливи и лековити материи.

Јаболкото јадете го со лушпа (освен ако сте купиле такви третирани со пестициди), бидејќи лушпата содржи шест пати повеќе витамини отколку плодот. Лушпата содржи пектин, влакно кое на себе ги врзува токсините и им помага на цревата да ги исфрлат остатоците од веќе сварената храна.

Освен тоа, лушпата содржи урсолична киселина која го контролира нивото на холестерол и шеќер во крвта и ги засилува и штити мускулите.

Убави и здрави заби

Со умерено гризење и жвакање на јаболкото го засилуваме забното месо, а со конзумацијата на едно јаболко можеме да ја исчистиме усната шуплина од дури 90 проценти од бактериите кои предизвикуваат кариес.

Киселината која се наоѓа во јаболката може да придонесе за топење на забниот камен. Бидејќи е богата со флуор, спречува настанување на кариес и ја штити усната шуплина.