Свет

Зошто е Шведска најбезбедна земја за возење?

Зошто е Шведска најбезбедна земја за возење?
Зошто е Шведска најбезбедна земја за возење?

Шведска статистички бележи многу малку жртви од сообраќајни незгоди по нејзините патишта. Во што е тајната на успехот на оваа скандинавска земја кога станува збор за безбедноста во сообраќајот?

Слики на удрени автомобили и возила на брза помош кои брзаат на мстото на несреќата се присутни во целиот свет. Но, најретко во Шведска. Што е тоа што е специфично за Шведска кога е во прашање патниот сообраќај?

Оваа скандинавса земја од каде што доаѓа и марката „волво“, што, пак, е синоним за безбедност во возењето, во 1997 година усвоила политички план „Vision Zero“, со ккрајна цел е автомобилски сообраќај без човечки жртви.

Програмата и тоа како дава резултати, бидејќи според податоците на Светската здравствена организација од 2010  година, во Шведска на патиштатa загинале три лица на 100.000 жители.

За споредба, на германските патишта, кои според светските стандарди се сметаат за многу безбедни, животот го губат 4,7 лица на 100.000 жители.

Најважно начело на сведската сообраќајна политика е дека човечкото здравје е пред потребата да се оствари мобилност на граѓаните и другите цели на патниот сообраќај.

Конечната цел, која би требало да се оствари до 2020 година,  е спуштање на бројот на жртви на патиштата на нула.

Во споредба со останатите земји, темпото на патувања на шведските сообраќајници е поопуштено.

1.500 камери ја контролираат брзината на возилата

На патиштата вон населени места е ограничена брзината на 80 киломтри на час, а на автопатите на 120 километри на час, иако ретко кој вози побрзо од 110 километри на час.

Помеѓу сообраќајните ленти поставени се и физички бариери кои е многу потешко да се поминат отколку белите линии.
Помеѓу сообраќајните ленти поставени се и физички бариери кои е многу потешко да се поминат отколку белите линии.

Шведска е позната и по големиот број „замки“ за брзите возачи. Низ земјата се поставени 1.500 камери кои ја контролираат брзината на возилата.

Во земјата ретко кој се осудуа да ги прекрши сообраќајните правила. Се додека возачите го почитуваат ограничувањето на брзината, поголем дел од камерите ја забележува нивната брзина поради статистика, а не поради казнување. Ако се зголеми просечната брзина на движење на некоја сообраќајница, прекршителите ќе почнат да добиваат казни, се додека просечната брзина повтроно не се врати во нормала. А, казните се високи, од 150 до 250 евра. Но, казни не се издаваат многу и Шведска нив не ги смета за извор на буџетските приходи.

„Алкохолна брава“ за безбедно возење

 90.000 авобуси, камиони и такси возила се опремени со т.н. „алкохолни брави“, што значи дека возачот неможе да го стартува возилото пред да дувне во неа.
90.000 авобуси, камиони и такси возила се опремени со т.н. „алкохолни брави“, што значи дека возачот неможе да го стартува возилото пред да дувне во неа.

А, во последните години, Шведска многу вложува и во свооите патишта. На патиштата вон населени места, помеѓу сообраќајните ленти поставени се и физички бариери кои е многу потешко да се поминат отколку белите линии. Само оваа мерка го намалила бројот на несреќи за 90 отсто.

Во секоја петта сообраќајна несреќа во Шведска учествувал некој кој консумираал алкохол. Затоа 90.000 авобуси, камиони и такси возила се опремени со т.н. „алкохолни брави“, што значи дека возачот неможе да го стартува возилото пред да дувне во неа. Ако во здивот се покаже дека има алкохол, возилото не да може да се „запали“.

Допуштена количина на алкохол во крвта е 0,2 промили. Тоа е една чаша пиво.