Зошто гостувањето на Курц ги разлути опозиционерите?

Бурни реакции, исмевања, оцрнување, барање одговори од Европска Унија од австриското министерство за надворешни работи… Опозициските медиуми се „растрчаа“ по одговори зошто австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц гостуваше на големиот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Скопје. На помош пристигна и критики од европските социјалдемократи и други европски политичари кои застануваат во одбрана на политиките на македонската опозициска партија, СДСМ.

Австрискиот шеф на дипломатија буквално беше нападнат од новинарите кои важат за блиски до опозицијата на прес конференцијата по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски. Курц им одговори дека на митингот на ВМРО ДПМНЕ говорел во име како претставник  на сестринска партија и дека неговото патување и престој во Скопје е платен од неговата партија.

„За мене не е невообичаено да се посетуваат настани на сестрински политички партии. Во мојот говор не ги повикав луѓето за кого да гласаат. Ги повикав да излезат на избори, а одлуката тие треба да ја донесат“, изјави Курц на прес конференцијата.

kurc-1-640x294

Реагираше и Никола Попоски, министерот за надворешни работи и носител на кандидатските листи за пратеници во Изборната единица 1 на ВМРО ДПМНЕ.

„Кога Ричард Ховит како левичар одеше на настани на СДСМ и најотворено заземаше страна за сестринска партија и тоа од позиција на известувач во Европскиот парламент, што по дефиниција треба да има неутралност, тогаш тоа не беше проблем. Но, ако случајно некој десничарски политичар дојде на настан на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа било заземање страна… Па барем малку објективност да се задржи. На крајот, мислам дека ни требаат пријатели на Македонија и од лево и од десно, а народот во Македонија е тој што одлучува суверено каков треба да е составот во Собранието по избори. Дајте да се обединиме околу една и единствена причина – европската кауза на Македонија!“, напиша Попоски на Фејсбук.

Доцент Иванка Додовска од Правниот факултет вели присуството на Курц претставува чин со кој во еден миг се расчистија сите дилеми околу прашањето за ставот на високите претставници на земјите членки на ЕУ во поглед на владејачката гарнитура.

ivanka-dodovska„ За познавачите е сосема јасно, но во интерес на оние кои не го познаваат доволно дипломатскиот протокол и дејствување, би појаснила дека неговото учество на митингот претставува јасен сигнал кој говори во прилог на провладините напори и политиките кои ги спроведува извршната власт. Различниот пристап за јавните политики и начините во водењето на државата, кои се дијаметрално спротивни помеѓу позицијата и опозицијата и уште повеќе, незагризувањето и неприфаќањето на нетранспарентната политичка борба од страната на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти црната и непринципиелна кампања на опозицијата предводена од СДСМ, се мониторираат и се проценуваат од страна на претставниците на земјите членки на ЕУ и врз база на реалните заклучоци истите го градат својот став во однос на тоа која политичка платформа ги носи белезите на европските вредности и според тоа и настапуваат во јавноста со своите постапки и со својата дипломатска реторика. Од сите тие причини, неразбирливо е зошто толку се вознемирени опозициските медиуми и нивните следбеници од настапот на Курц, кога тие во изминатиов период во својата агенда за рушење на власта ги употребија на своја страна низата на поранешни и актуелни меѓународни претставници, со цел да ја прикажат грдата слика која ја градеа за владејачката ВМРО-ДПМНЕ“, вели Додовска.

Коментирајќи ги нападите врз Курц, новинарот Цветин Чилиманов на неговиот фејсбук профил прашува зошто изостанаа прашањата за заземање страна кога други амбасадори и политичари јавно застанаа зад СДСМ.  Според Чилиманов „болката“ на опозиционерите по настапот на Курц е тоа што сфатија дека тие повеќе не се миленичињата на меѓународната заедница.

„Ако ништо друго, барем се покажа дека СДСМ ова не го сфаќа само како политички поен на ВМРО. Не, нив навистина ги боли тоа што веќе не се омилените, најсаканите, најдобрите ученичиња на цела Европа. Они навистина копнеат, посакуваат внимание и поддршка од надвор. Ова веќе ги надминува границите на користење на странска поддршка во нивната политичка борба. Ова е веќе патологија, длабока несигурност која произлегува од упорното отфрлање на нивните политики од страна на граѓаните на Македонија и од потребата да се најде валоризација некаде, било каде, при што ќе се осуди сопствениот народ како немиен, небањан, најново – грд, а ќе се потцупнува гордо на секоја пофалба на било која будала од странство која забрљала нешто на работа па го пратиле во Македонија (Гудрун Штајнракер во Македонија ја пратија од Владивосток, па ти види со какви странски кадрови си имаме работа тука). Но, #реално, деновите кога СДСМ беа неприкосновени владетели на меѓународното јавно мислење поминаа. Ова е време на Брексит, Грексит, МАГА, Вишеград. Изгубивте дечки, готово е“, пишува Чилиманов на Фејсбук.

Инаку, настапите на истакнати европски политичари на митинзите на ВМРО ДПМНЕ според најавите ќе продолжат до крајот на предизборната кампања. Вчера во Гостивар на митингот на владејачката партија говореше италијанскиот пратеник Џузепе Галати, а вечерва во Виница говореше Аксел Фишер, пратеник на владејачката германска партија ЦДУ на Ангела Меркел. До крајот на предизборната кампања се најавува присуство и на претседателот на Европската народна партија, Јозеф Дол, на министерот за надворешни работи Петер Сијарто и други угледни европски политичари.