вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Зошто капсулите имаат две бои?

Со создавање на препознатлива комбинација од бои, фармацевтските куќи сакаат да ја намалат веројатноста пациентите да ги смешаат различните лекови.

kapsuli

Последни вести

Дали некогаш сте се запрашале зошто капуслите не се произведуваат само во една боја? На ова прашање има неколку одговори.

Првиот е дека со создавање  на препознатлива комбинација од бои, фармацевтските куќи сакаат да ја намалат веројатноста пациентите да ги смешаат различните лекови.

Освен тоа се покажало дека шарените капсули делуваат многу помалку примамливо за децата, за разлика од оние со проѕирна или бела фолија.

Трето, потесниот дел од капсулата секогаш служи како резервоар за лекот, додека пошироката страна има улога на капак. За да се обезбеди поголема ефикасност при производството, односно  да не се смешаат двата пластични делови се корстат две различни бои.

Најчитани вести