Зошто капсулите имаат две бои?

Дали некогаш сте се запрашале зошто капуслите не се произведуваат само во една боја? На ова прашање има неколку одговори.

Првиот е дека со создавање  на препознатлива комбинација од бои, фармацевтските куѓи сакаат да ја намалат веројатноста пациентите да ги смешаат различните лекови.

Освен тоа се покажало дека шарените капсули делуваат многу помалку примамливо за децата, за разлика од оние со проѕирна или бела фолија.

Трето, потесниот дел од капсулата секогаш служи како резервоар за лекот, додека пошироката страна има улога на капак. За да се обезбеди поголема ефикасност при производството, односно  да не се смешаат двата пластични делови се корстат две различни бои.