Магазин

Зошто копчињата се на различна страна кај машката и женската облека?

Зошто копчињата се на различна страна кај машката и женската облека?

Доколку сте е запрашаел зошто мажите и жените на својата облека имаат кочиња на различна страна еве интересен одговор.

Што се однесува до кошулите, копчињата се шиеле на десната странауште во Средниот век. Мажите носеле меч по капутите и тоа на левата страна. За полесно да можат да го извлечат мечот, копчињата морале да бидат на десната страна. Подоцна, кога жените ги откриле блузите, не се закопчувале сами, туку тоа го правеле нивните слугинки или кројачки. Како што тие стоеле пред слугинките полесно било доколку копчињата биле на левата страна. Па, така останало се до денес.

Меѓутоа, постои и теорија дека кај жените се наоѓаат на левата страна, а кај мажите на десната за да се покаже пред општеството дека жената е потчинета на мажот.

Еве неколку занимливости поврзани со копчињата:

-Наполеон наредил дека сите негови војници на ракавите на униформите мора да имаат копчиња за да не можат со нив да го бришат носот.

-Во периодот на старите Грци и Римјани копчињата биле направени од дрво, метал, рогови и коски на животни, школки.

-Во бронзениот период луѓето биле толку воодушевени од копчињата па ги шиеле на облеката како украс.

-Јапонците преферирале копчиња од бисери, а околу 1860. година, народот полудел за нив.