четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Зошто мажите го обожаваат женскиот оргазам?

Факт е дека мажите уживаат кога ќе видат дека нивната партнерка ужива, а оргазмот секако е најголемиот доказ за тоа.

Поврзани вести

Кога станува збор за сексот, многу жени се трудат во креветот да ги задоволат мажите и често го занемаруваат сопственото уживање.

Женскиот оргазам е задоволство и за двајцата партнери, а мажите го обожаваат затоа што…

Се чувствуваат како да постигнале нешто важно

Мажите сакаат да се чувствуваат успешни на секое поле од животот, а тоа важи и во сексот. Кога нивната девојка ќе го достигне врвот, тие имаат поголема самодоверба и се среќни, дури и ако не го покажуваат тоа.

Оргазмот ве прави поблиски

Кога доживуваме оргазам, нашиот мозок е преплавен со хормонот окситоцин или уште познат како хормонот на љубовта. Токму поради тоа, партнерите се чувствуваат поблиски и посреќни. На мажите секако им е убаво кога тие ќе го достигнат врвот во креветот, но уште поубаво им е кога имаат со кого да го споделат коктелот од хормони.

Обожаваат да гледаат

Тешко дека ќе пронајдете маж кој ќе рече дека не се возбудува кога неговата партнерка доживува оргазам. Гризнувањето на усните, движењето на телото и воздишките го доведуваат мажот до лудило.

Обожаваат да слушаат

Освен што уживаат во глетката, мажите обожаваат да ги слушаат воздишките на партнерката. Звукот на женскиот оргазам е совршен звук за машките уши.

zosto-mazite-go-obozavaat-zenskiot-orgazam-2

Среќата на партнерката им е на прво место

Можеби ќе ви звучи малку романтизирано, но така е. Кога мажите сакаат некоја жена, прават сѐ за неа, од купување на подароци па сѐ до најмалите ситници кои ја прават среќна. Во сексот и со оргазмот не е ни малку поинаку.

Ги сакаат боите на женското тело

Кога се загревате, атмосферата во спалната соба се вжештува и крвта ви струи низ вените, тогаш женската кожа добива друга боја, а тоа особено се познава на градите кои поруменуваат. Румените гради изгледаат секси и впечатливо, а со сигурност мажите ги обожаваат.

Мажите се импресионираат од оргазмот

Иако е реткост, кај некои жени може да се случи повеќекратен оргазам, а мажите не можат да доживеат такво нешто. Жените и нивниот оргазам, кој трае подолго од машкиот, едноставно ги импресионира.

Најчитани вести