Секс

Зошто мажите не треба да глумат оргазам?

Зошто мажите не треба да глумат оргазам?

Мислите дека мажите никогаш не глумат оргазам, туку тоа е својствено само за жените? Грешите!

Според статистиката, 22 отсто од мажите барем еднаш лажирал оргазам за да не ја повреди партнерката или за да го заврши  сексуалниот однос од различни причини.

Меѓутоа, ова се 5-те причини зошто треба добро да размислите пред да го направите тоа следниот пат.

1. Не сакате и вашиот партнер да глуми

Многу мажи се сигурни дека тоа никогаш не им се случило и дека нивните партнерки никогаш не лажирале оргазам, а голем дел од жените барем еднаш лажела дека го достигнала врвот. Овие статистички податоци можат да ве направат уште понесигурни, а самата помисла дека вашата партнерка може глуми оргазам е навистина поразувачка. Не сакате да ве лажат дека глумат оргазам, не го правете и вие тоа!

2. Ќе бидете фатени во лага

Не е проблем да исценирате оргазам со театрални звуци, но да исценирате ејакулација? Тоа е веќе малку потешко. Студијата покажува мажите и жените подеднакво да можат точно да го оценат степенот на уживање на партнерот во текот на сексот, па постои можност партнерката да ви каже дека не чувствува дека навистина сте го достигнале врвот.

seks-zene-muskarci-foto-shutterstock-1370281294-245895

3.Глумата не престанува во спалната соба

Постои можност вашата глума да не заврши само во спалната соба. Сега можете да глумите поспаност, глад, незадоволство. Лагите во креветот можат да бидат само почеток на лагите во останатите делови од врската. Што уште криете?

4. Тоа не е ништо важно

Сексот не треба да се врти околу оргазмот. Достигнувањето на врвот не мора да биде инициран од добар секс, односно доколку не доживеете оргазам, не значи дека сексот бил лош. Можете да бидете интимни, сакани и задоволни без постигнување на оргазам. Ако ви се случи за време на сексот да приметите дека нема да доживеете оргазам- не се грижете. Престанете да водите љубов и замолете ја партнерката да ве задоволни на некој друг начин или можете вие да ја задоволите или едноставно престанете со сексот, изгледајте филм, а подоцна продолжете со водење љубов.

seks-ljubav-more-romantika-foto-shutter-1411027947-570207

5. Ништо нема да се подобри

Ако постојано лажирате оргазам, никогаш нема да можете да ги увидите евентуалните проблеми и да го подобрите вашиот сексуален живот. Наместо лажирање дека сте го достигнале врвот, разговарајте со партнерката зошто тоа се случува. Можеби се работи за поединечен случај, кога сте фрустрирани или фокусирани на нешто друго или можеби е во прашање поголем проблем- на вашиот сексуален живот му недостига поврзаност или страст.

Што и да е во прашање, најдобро е да ја разрешите ситуацијата со разговор наместо со глума.