Зошто мажите сакаат постари жени?

Дека момците „паѓаат“ на постари жени, одамна не е вест, но зошто е тоа така, се обидела да утврди група научници од Универзитетот во Сиднеј.

Врз основа на кратки студии меѓу студентите на завршните години од факултет, тимот од истражувачи заклучил дека 67 отсто од мажите попрво влегуваат во врска со девојки кои имаат три до дури десет години повеќе од нив.

Анкетата која ја спровеле покажала дека момците во постарите припаднички на понежниот пол гледаат предизвик, бидејќи за разлика од врсничките или помладите девојки, тие се изградени личности и имаат став за повеќето животни прашања. Речиси половина од анкетираните одговориле дека им се допаѓа тоа што тие точно знаат што сакаат, не глумат и не играат игри.

Половина од нив признале дека во постарите жени гледаат подобри партнерки за секс, со кои, бидејќи се поопуштени, поотворени и самоуверени, можат поквалитетно да уживаат. Дека тие се попријатни и за дружење и за сериозни разговори, сметале 45 отсто од испитаниците. Меѓу причините кои мажите ги спојуваат со постари партнерки се нашла и нивната економска независност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.