Зошто мажите се будат со ерекција?

Мошне често мажите се будат со ерекција, а најмногу сакаат секс наутро. Според научниците тоа е така токму поради хормоните.

Во пет часот наутро нивото на тестостерон кај мажите е поголемо од 25 до 50 отсто отколку во кој било друг дел од денот. Тоа се случува, зтоа што хипофизата, којашто го регулира производството на половиот хормон кај мажите, најмногу работи во текот на ноќта.

Зошто мажите се будат со ерекција?
Зошто мажите се будат со ерекција?

Со други зборови, ако мажите се будат со ерекција, тоа не значи дека имале еротски сништа, туку за тоа е виновна хипофизата која само ја врши својата функција.

Од друга страна пак, истражувањата покажале дека мажите имаат повеќе тестостерон ако пократко спијат, односно колку повеќе спијат, толку повеќе нивото на хормонот се намалува.

И додека машките хормони се на највисоко ниво наутро, женските се на најниско. Нивото на женски полови хормони паѓа и расте во зависност од менструалниот циклус, а највисоко ќе биде во последниот дел од денот, односно навечер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.