Зошто мажите се опседнати со женски задници?

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Тексас во Остин фрла ново светло на денешните стандарди за убавина, според кои модерните мажи се склони кон заоблените женски задници, и тоа поради влијание на еволуцијата.

Мажите ги привлекува женскиот задник од истата причина поради кои ги привлекуваат и градите, колковите и тенката половина, а тоа е поради тоа што тие карактеристики биле индикатори на плодност кај нашите далечни предци.

Мажите еволуирале до тој степен да бара жена со која што може да има потомство. Ако жената има поголем задник, тоа е знак за „примитивниот“ мозок дека има доволно маснотии за да забремени. Доколку женскиот задник е поистакнат и заоблен, тоа значи дека е веројатно млада, што во времето на пештерските луѓе ја правело идеална за идна бремена жена, појаснува психологот и коавтор на студијата Дејвид Бас.

Меѓутоа, влијание на машкиот мозок имаат и културата и окружувањето во кое израснал мажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.