петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 56

Зошто не треба да ја пуштите климата веднаш штом ќе влезете во автомобилот

Кога ќе го оставите автомобилот надвор, сигурно ќе ги затворите прозорците. Дури и ако го оставите автомобилот во сенка, во него ќе се соберат од 400 до 800 милиграми бензен.

klima-kola

Поврзани вести

Кога ќе го оставите автомобилот надвор, сигурно ќе ги затворите прозорците. Дури и ако го оставите автомобилот во сенка, во него ќе се соберат од 400 до 800 милиграми бензен.

Ако го паркирате автомобилот на сонце на температура поголема од 16 степени Целзиусови, нивото не бензен може да достаса и до 2.000 или 4.000 милиграми, што е 40 пати поголемо ниво од дозволеното.

Со седењето во автомобилот додека прозорците се затворени, луѓето вдишуваат бензен, незнаејќи дека тој токсин штети на бубрезите, црниот дроб и на коскеното ткиво. Уште повеќе, потребно е многу време за овие токсини да се исфрлат од нашиот организам.

Во упатството за автомобили се наведува дека би требало прво да ги отворите прозорците пред да го пуштите клима уредот, но не се наведува зошто, освен дека тоа е добро за работата на автомобилот.

Резултатите од истражувањето покажаа дека пред да почне да го лади воздухот, клима уредот го исфрла целиот топол воздух, а со него и бензенот, токсинот што предизвикува рак.

Затоа кога влегувате во автомобилот, дури и ако не почувствувате мирис на стопена пластика, отворете ги прозорците на неколку минути, а дури потоа пуштете го клима уредот и оставете ги прозорците уште неколку минути.

Најчитани вести