Зошто некои жени ја губат желбата за секс?

Еве некои од причините поради кои желбата за секс кај жените се намалува:

  1. Пилули за контрацепција

Сексуалниот нагон во еден дел го контролираат хормоните, како што е тестостеронот. Постојат одредени контрацептивни пилули што го намалуваат лачењето на тестостеронот, поради што доаѓа до слабеење на либидото. Според едно истражување, дури 25 отсто од испитаничките поувствувале намалување на желбата за секс додека користеле пилула. Потпретседателката на Американскиот колеџ за гинекологија и акушерство, вели дека постои помала веројатност дека младите жени ќе бидат погодени од оваа последица, за разлика од жените што се наоѓаат во перименопаузална транзиција.

Пилулите за контрацепција и антидепресивите влијаат на либидото
Пилулите за контрацепција и антидепресивите влијаат на либидото

За почеток наједноставно решение би можела да биде промената на контрацептивната метода.

  1. Расположение

И депресијата и земањето на антидепресиви може погубно да влијаат врз либидото. Сексот исчезнува од листата на приоритети за организмот, кога тој ќе се најде во тешка сотуација со која што мора да се избори, како што да речеме некоја болест поради која вашето ниво на енергијата опаѓа. Тоа може да биде појаснување зошто проблемите со тироидната жлезда, што го контролира метаболизмот исто така се поврзани со промените во поглед на сексуалната желба.

Не е потребно да бидете во тешка депресија за тоа да се одрази врз вашето либидо. Главен виновник е секојдневниот стрес. Уште повеќе, новите истражувања откриваат дека неправилностите во отчукувањето на срцето и забавениот пулс – што се поврзани со високото ниво на стрес –исто така се поврзани со сексуалната дисфункција. Кортизолот и адреналинот што се лачат кога сме под стерс го менуваат функционирањето на нашиот сексуален систем.

Рецепт…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.