Зошто некои жени ја губат желбата за секс?

Рецепт: Вежбајте. Физичката активност му сигнализира на вашето тело дека сте побегнале од стресот. Добриот сон исто така може да ви помогне. Обезбедете си себе си дополнително време за одмор и постои за 14 отсто поголема шанса дека следната ноќ ќе имате секс.

  1. Состојба на свеста

Некои жени имаат разиграно либидо, што во споредба со желбата на партнерот, или со нивните лични очекувања делува како недоволно. Голем број жени имаат јасна слика за тоа колку често би требало да имаат секс. Најчесто одговорот е „два пати неделно“ и тие се нервозни ако не ја исполнат таа норма. Нервозата е спротивна на возбудата, така што критичноста кон споственото либидо, сексуалниот чин или кон телото може да делува како кочница. Иако не е лесно да се негува љубовта кон себе си, ангажирањето за подобрување на сопствениот физички изглед би можело да има секундарна корист и за апетитот за секс.

  1. Статусот на вашата врска

Една од добрите страни на долгите врски е сексуалната акција, секоја вечер, нели!? Но токму тука е проблемот: кога ќе се најдете во долга врска, можеби нема да сакате да имате секс секоја вечер. На почетокот на врската, мозокот лачи хемикалии за задоволство и прималните потреби се на врвот. Со текот на времето, ќе ви изгледа дека желбата се намалува, но обидете се да ја гледате ситуацијата од друг агол. Тоа немора да значи дека вашата врска е лоша. Станува збор за наука.