Зошто полицијата верува дека Јелена била киднапирана?

Полицијата прави ревизија на сите траги што се пронајдени на 2-ри април на насипот во населбата Црвенка во Борча, каде што беше најдено телото на ѕвездата на „Гранд“ Јелена Марјановиќ Крсмановиќ (33), поради проверка дали движењето на нејзиниот убиец е целосно реконструирано, како и дали е направен некој пропуст, што би можел да го забрза неговото апсење.

Кучето трагач на 2-ри април вечерта, кога било пријавено исчезнувањето на Јелена претрчало до стазата на насипот, каде Јелена наводно трчала, но и одел по каналот каде што еден ден подоцна било најдено телото на жената. Сепак, по половина час, кучето се вратило до патот и легнало таму. Ако може да му се верува на дресираното животно, Јелена последен пат била кај рампата на насипот во Црвенка.

Првата вечер инспекторите донеле дресирано куче за да го пребара целиот терен. Зоран на нивно барање донел маица на Јелена што кучето ја намирисало. Германскиот овчар трчал по целиот насип и долж каналот. На крајот дошол до патот и легнал. Ако жената била во каналот сигурно би ја нашол. Еден ден подоцна, на 3-ти април, токму на тоа место еден од пожарникарите кој учествувал во потрагата, нагазил на телото на Јелена, велат извори од полицијата за српски „Курир“.

Полицијата се обидува да открие кога убиецот го донел телото на Јелена на насипот, како поминал незабележано, го фрлил во водата и побегнал.

Првата вечер се трагаше и по телефонот на Јелена, но и покрај современите уреди за регистрирање на сигналот, тој не бил најден на насипот. Сепак, утредента прво била најдена патика, па телефон и на крај телото, наведуваат истите извори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.