Зошто редовно треба да се менува постелнината?

Повеќето луѓе сметаат дека е во ред да се менува постелнината на секои  две до три недели. Но, поголемиот дел од нив не се ни свесни дека на тој начин спијат во сопствените телесни секрети па и фекалии.

Додека спиеме, се потиме, кожата ни се лупи, а се ослободуваат и телесни масти и други течности. На постелнината може да се најдат телесни течности, генитални исцедоци и фекалии, особено ако спиете само во долна облека.

Ако не ја перете редовно постелнината, а имате огреботини или рани на телото, тие може да се инфицираат. Исто така можете да добиете атлетско стопало и други габички од нечистата постелнина, предупредува експертот за грижа за ткаенини Мери Марлоу Леверет за АТТН.

Таа додава дека постелнината би требало да се мен ува еднаш неделно за да се избегне нехигиенското спиење.

Реткото перење на постелнината овозможува продирање на телесните течности и фекалии во самите перници и душекот што е многу потешко да ги исперете од самата постелнина.

Во голем број спроведени анкети се покажа дека поголемиот број луѓе сметаат дека постелнината треба да се менува секои две до три недели, а оние што спијат голи сметаат дека е доволно да се промени еднаш месечно. Но, еднаш неделно е оптимално за да спиете во чисто, хигиенско, окружување.